
По реакциите, Таравари им кажа „не“ на „Ѓока констакшн“
По реакциите во јавноста, министерот за здравство Арбен Таравари се откажа за договорот со „Ѓока констакшн“ за стопанисување со паркингот на Клинички центар.
Како што вели, ваков договор нема да биде склучен.
„Се разгледуваат две опции за стопанисување со паркингот. Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е истото тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар“, рече Таравари.