
По расправија околу паркирање во Ѓорче Петров, маж агресивно се однесувал и и се заканувал на жена!
На 18.01.2024 во 16.33 во СВР Скопје, С.Ц.(48) од Скопје пријавила дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, поради недоразбирање околу паркирање на возилата, Г.Ѓ.(3а) од Скопје агресивно се однесувал и ѝ упатил закани.
За настанот била известена Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
