
По пропаѓањето на банката Силикон вали скокна цената на златото
Цената на златото урива рекорди. Утрово благородниот метал се тргуваше за 1.975 долари за унца.
Цената од 1.982 долари за унца утрово во 8.30 часот му се приближи на досега највисокото ниво од август во 2020 година.
Според податоците на Светскиот совет за злато од 2000 година до денес инвестирањето во злато годишно се зголемува за 12 отсто. Банкарскиот сектор во САД е во криза. Цените се зголемија за повеќе од 100 долари по пропаѓањето на банката Силикон вали, што е втората по големина банкарска криза во историјата на САД.
Во соседна Србија луѓето купуваат дукати во време на криза.
foto freepik.com/reflex-ajans
