
ПО ПРИМЕРОТ НА ХРВАТИТЕ: Босанците, но и граѓаните на уште една земја сакаат да ги бојкотираат трговците
Oткако Хрватите пред неколку дена ги бојкотираа трговците поради високите цени, сега и Црногорците повикуваат на бојкот на продавниците во петок.
Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат сите супермаркети и продавници во државата, објави Кафе дел Монтенегро.
Тие велат дека цените се исклучително високи и дека водечките трговски ланци, договарајќи ги меѓусебно цените, пресудно влијаат на тоа граѓаните да не го почувствуваат зголемувањето на платите и пензиите.
„Можеме ли тој еден ден да ја оставиме политиката на страна, да не се делиме, сите да бидеме едно, за да им покажеме дека ние одлучуваме?“, прашува Алтернатива Црна Гора.
Најавена е таква акација и во Босна и Херцеговина(БиХ) за петок.
foto freepik.com