Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По предупредувањето дека војната може да започне во Шведска, младите ја „преплавија“ линијата за помош
Македонија

По предупредувањето дека војната може да започне во Шведска, младите ја „преплавија“ линијата за помош

11/01/2024

AA

Шведските одбранбени претставници се најдоа на удар на критики бидејќи нивните пораки во кои предупредуваат дека може да има војна со Русија предизвикаа голема загриженост кај младите, пишува британски Телеграф.

Весникот наведува дека телефонското советувалиште за деца и млади е преплавено со повици, откако на ТиК Ток беше објавено предупредување за „вооружен напад“ од Русија.

Брајс, организација за правата на децата која обезбедува поддршка и совети за млади луѓе со проблеми со менталното здравје или кои се занимаваат со тинејџерска бременост, пријави зголемување на повиците по видео снимките од високи воени личности кои предупредуваат за можноста од војна, кои се шират на Тик Ток.

Карл-Оскар Болин, министерот за цивилна одбрана, на конференцијата Folk och Försvars во саботата изјави дека „може да има војна во Шведска“.

„Дали сте размислувале, дали имате време да се приклучите на доброволна организација за одбрана? Ако не: движете се“, рече тој.

Се очекува Шведска да се приклучи на НАТО во јули, со што ќе стави крај на повеќе од два века неутралност и ќе доведе до промена во националната психа кон поголема милитаризација.

Шведската влада се обврза да ја исполни целта на НАТО и да одвои два отсто од БДП за одбраната до крајот на оваа година, што е двојно повеќе од 2020 година.

„Требаше да им дадат посебен совет на децата“

Маја Дал, портпаролка на Брис, смета дека Болин требало да размисли како младите ќе ги толкуваат неговите „добро подготвени“ изјави.

„Требаше да стават информации специјално за младите кога ќе излезат со ваков вид на информации за возрасни“, рече таа за Би-Би-Си.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy