
По пожарот: Управителот на фабриката Ф-Групација е во полиција
Како дел од истрагата за големиот пожар што избувна денеска во скопската населба Трубарево, управителот на фабриката „Ф-ГРУПАЦИЈА“ е во полиција.
Оваа информација е потврдена од извори блиски до истрагата. Се очекува од него да се земат изјави и да се разјаснат околностите околу избувнувањето на пожарот.
Повеќе детали за овој случај се очекуваат по завршувањето на истражните дејствија.
