Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По Полска, уште една членка на НАТО потврди: Испраќаме 13 борбени авиони во Украина
Македонија

По Полска, уште една членка на НАТО потврди: Испраќаме 13 борбени авиони во Украина

17/03/2023

AA

Владата на Словачка утрово одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер.

Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев, по Полска, која вчера најави испраќање на четири МиГ.

Словачка ќе испрати 13 МиГ-29 во Украина, објавија локалните медиуми. Словачката флота од 11 МиГ-29 беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив не се во функција. Тие што работат ќе ги испратат а останатите ќе одат по резервни делови. Словачка, исто така, ќе снабдува дел од својот систем за воздушна одбрана КУБ, рече Хегер.

Сојузниците на НАТО на поранешниот комунистички исток, како што се Полска и Словачка, беа особено гласни во својата поддршка за Киев откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година. Данскиот премиер Мете Фредриксен вчера објави дека западните земји сè уште дебатираат дали да испратат борбен авиони за Украина.

„Ова е нешто за што разговараме во групата сојузнички земји. Тоа е голема желба на Украина“, рече Фредриксен.

Зеленски долго време бара „крилја на слободата“.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати побара од западните сојузници да испратат борбени авиони во Украина, кои тој ги опиша како „крилја на слободата“.

Соединетите Американски Држави и Велика Британија одбија да испратат борбени авиони во Украина во јануари, но минатиот месец Бен Валас, британскиот секретар за одбрана, рече дека Британија е подготвена да испрати авиони на своите сојузници во источна Европа.

Ова ќе им овозможи на членките на НАТО од Источна Европа да испратат свои борбени авиони од советско производство во Украина, како што сега објавија Полска и Словачка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy