
По масакрот во Србија, се предлага лимитот за кривична одговорност да се намали од 14 на 12 години
Српскиот претседател Александар Вучиќ предлага лимитот за кривична одговорност да се намали од 14 на 12 години, откако денеска малолетник изврши масакр во училиште во Белград, каде загинаа 9 луѓе, а шест се повредени.
Според српскиот претседател постои можност убиецот да знаел дека не може кривично и законски да одговара. Вучиќ предложи да се воведе мораториум за чување и носење оружје во наредните две години, освен за ловечко оружје. Потоа, да се контролира работата на сите стрелишта, да се изврши ревизија на сите издадени дозволи и да се контролира начинот на кој лицата го чуваат оружјето. Србија прогласи тридневна жалост.

