
По кратка авантура во Брунеи, Наумовски се врати во Шкупи! (ВИДЕО)
Шкупи денеска најпрво информираше за разделбата со Куевен, Нилтињо, Хоџиќ и Абази, а брзо потоа објави дека го враќа голманот Кристијан Наумовски.
35-годишниот голман летово замине во Брунеи, во тимот на ДПММ, но неговата авантура таму не траеше долго, брзо се врати во Шкупи, за кој вели дека е негов втор дом.
„Среќен сум што се враќам во мојот втор дом кој се вика Шкупи. Не ни размислував кога ја добив понудата да се вратам во Шкупи. Секако дека Шкупи заслужува да биде на првото место и да се бори за титулата и јас сум сигурен дека со помош на соиграчите и стручниот штаб ќе ја оствариме таа посакувана цел повторно да бидеме шампиони на Македонија“, изјави Наумовски.

