
ПО ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ НЕМА ПОВЕЌЕ ДА БИДЕ CEO НА БАЈНЕНС: Основачот го напушта „кормилото“
Канадскиот бизнисмен Чангпенг Жао ќе се повлече од
функцијата извршен директор на Binance како дел од спогодбата со американското
Министерство за правда и берзата за криптовалути што тој ја основаше, соопштија
извори блиски до Форбс.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ги обвини Бајненс и
Чангпенг во јуни за водење на нерегистрирана берза и погрешно наведувајќи ги инвеститорите користејќи
го швајцарскиот фонд Sigma chain, исто така во сопственост на Чангпенг.
„Во обвинението од 13 точки, тврдиме дека Жао и ентитетите
Бајнeнс се вклучиле во широка
мрежа на измама, судир на интереси, необјавување и пресметано затајување на
законот“, рече претседателот на SEC,
Гери Генслер во јуни.
Жалбата на SEC следи по наводите на Комисијата за тргување
со стоки, која исто така тврдеше дека компанијата нудела крипто деривати, како
што се фјучерси или опциони договори,
на американски граѓани без да се регистрира како трговец со фјучерси на стоки.
Според „Форбс“, богатството на Чангпенг се проценува на 10,2 милијарди долари.
фото: YouTube/Print Screen
