Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По 32 години извлечен новогодишниот џекпот: Освоената сума ќе ви ја врти главата!
Македонија

По 32 години извлечен новогодишниот џекпот: Освоената сума ќе ви ја врти главата!

05/01/2024

AA

Ова е петта највредна победа во историјата на Powerball

Тикетот на Американската државна лотарија за играта Powerball (кој е идентичен со нашето Лото) ја доби главната премија во новогодишното извлекување во вредност од 842,2 милиони долари!

Добитниот тикет е продаден во гратчето Гранд Блан, кое има само околу 8.000 жители во државата Мичиген, а е петти највреден џекпот во историјата на Пауербол, пренесува Си-Ен-Ен.

Според соопштението на американската државна лотарија, среќниот добитник „кој ќе влезе во новата година како мултимилионер ќе може да се одлучи за еднократна исплата на добивката од 425,5 милиони долари пред даноци“, или да се договори за еднакво годишни исплати на добивките.

Очекувањето на голема добивка доведе до рекордна продажба на лото тикети, па така проценетата вредност на добивката (810 милиони) беше значително надмината.

„Ова е првпат да биде извлечен победник на новогодишната ждрепка од почетокот на Powerball во 1992 година“, се вели во соопштението.

Инаку, оваа награда е втора по големина извлечена награда во државата Мичиген: пред тоа, во јануари 2021 година, беше извлечена награда од 1,05 милијарди долари во играта Mega Millions.

Покрај главната награда од 842,2 милиони долари, билети од 1 милион долари се продадени во Калифорнија, Конектикат, Флорида и Мериленд, додека два билети продадени во Тексас и Флорида ќе добијат по 2 милиони долари.

Пред новогодишното извлекување, џекпотот беше извлечен на 11 октомври минатата година во Фрејзер Парк, Калифорнија. Тој билет освоил 1,76 милијарди долари, но се уште никој не ја добил наградата. Среќниот добитник има рок до 11 октомври годинава да се јави во американската државна лотарија. Доколку тоа не се случи, парите ќе бидат распределени на државните училишта во Калифорнија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy