Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес
Економија

По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

16/04/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги
потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и
коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо
искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1
мај 2025 година.

Во тек е широк и транспарентен консултативен процес, во кој
Министерството се залага активно да се вклучени научната фела, граѓанските
организации, институциите и индустријата. Целта е да се донесе долгорочен и
одржлив стратешки документ кој ќе обезбеди балансиран пристап меѓу економскиот
развој, заштитата на животната средина и јавниот интерес.

Стратегијата, изработена од МАНУ со ангажман на над 20 истакнати
научници, има за цел да обезбеди долгорочен и одржлив развој на рударскиот
сектор, балансирајќи ги економските придобивки со високите еколошки стандарди и
јавниот интерес.

Процесот на изработка на Стратегијата е целосно транспарентен и
инклузивен, со активно учество на академската заедница, граѓанскиот сектор, професионалните
здруженија и бизнис-заедницата. На 3 април 2025 година, во амфитеатарот на
Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, се одржа јавна расправа на која
присуствуваа околу 50 учесници. Расправата отвори конструктивна дебата, со низа
предлози и забелешки за унапредување на документот, особено во делот на
заштитата на животната средина, усогласувањето со ЕУ-директивите и
транспарентноста во доделувањето концесии.

На расправата беше истакнато дека ова е прва стратешка рамка по речиси
три децении без национална стратегија за минерални суровини. Воедно, во тек е и
изработка на два нови законски текста – Законот за рударство и Законот за
геолошки истражувања, за кои исто така ќе следуваат јавни консултации.

По барање на граѓански организации, рокот за поднесување забелешки по
Нацрт-Стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина беше продолжен до 1 мај 2025 година, со цел да се излезе во пресрет на заинтересираните и да се овозможи
навистина отворен и транспарентен процес.

Сите примени забелешки ќе бидат темелно разгледани и соодветно
интегрирани во финалната верзија на Стратегијата, како и во идната регулатива.

Граѓаните, стручната јавност и организациите можат да ги испратат своите
забелешки и по електронски пат, на е-поштата на Министерството, до 1 мај 2025
година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy