
По 22 години потерница, уапсен командант Бреза!
По речиси две децении бегство, македонските безбедносни служби го лоцираа и уапсија Хамди Бајрамовски, познат како „Командант Бреза“, за кого беше распишана меѓународна потерница уште од 2003 година.
Бајрамовски беше баран по наредба од Основниот суд Скопје II за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик, како и други тешки кривични дела.
Иако со години беше недостапен за органите на прогонот, Бајрамовски остана познато име во јавноста, особено поради прекарот „Командант Бреза“, кој се поврзува со неговите активности за време на конфликтот во 2001 година.
Неговото апсење претставува значаен чекор во борбата против организираниот криминал и недопирливоста.