
ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка
Според Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), минималните трошоци за едно семејство се зголемиле за 1.200 денари.
Овие трошоци во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април. Вредноста на синдикалната минимална кошничка изнесува 63.908 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка изнесува 79.283 денари.
Трошоците за храна и пијалоци во синдикалната кошничка во мај изнесуваат 22.434,00 денари и се за 954 денари зголемени во споредба со еден месец претходно.
Од СДСМ велат дека ова е дебакл за економските политики на власта.
Мартин Костовски од СДСМ бара власта да ги прифати нивните предлози за зголемување на платите и мерките за намалување на цените.
foto freepik.com