
Плоштадот во Скопје преполн – се оддава почит на настраданите во Кочани!
На плоштадот Македонија во Скопје попладнево се одржува граѓански собир во чест на жртвите од Кочани.
Се палеа свеќи, се положуваа цвеќиња, а во еден момент се направи и ѕвездено небо како последен поздрав до 59-те жртви од дискотеката Пулс.
Граѓаните упатија и силни пораки до семејствата на жртвите, но и на повредените дека не се сами во овие тешки моменти.