Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пленум: Левица е незапирлива сила и единствена опозиција на олигархијата
Македонија

Пленум: Левица е незапирлива сила и единствена опозиција на олигархијата

03/12/2023

AA

Во борбена, другарска и наелектризирана атмосфера помина свечениот дел од Вториот редовен Пленум на Левица. На свечениот дел му претходеше работен дел на кој му беше доверен уште еден мандат на Димитар Апасиев за претседател на партијата, додека за Генерален секретар беше зазначена Јована Мојсоска.

Претседателот Апасиев во својот говор зборуваше за Новата Борбена Левица – низ рекапитулација, а потоа и преку теоретско насочување на идеолошките и политички принципи повеќекратно ја продлабочи идејната матрица на Левица, правејќи ја посилна во своите дела за класно и национално ослободување, како и отпорна на нападите од политиките непријатели: ,,Ние не сме Партија која ги претставува сите, ние сме партија која ја претставува работничката класа и непривилегираните! Оттука, наше е да го повикаме духот на антиестаблишментот да излезе од шишето и да заигра во дворот на богаташите и транзициските профитери. Дојдено е времето за наплата – да ги пребориме зулумите, да ги израмниме есапите!”

На Пленумот со говор зема учество и една од најистакнатите левичари на денешницата, европратеничката од Република Ирска, Клер Дејли, загрме во салата и рече: ,,За влез во ЕУ, се бара од вас ‘компромис’, да се откажете од вашата историја, вашиот идентитет, дури и името на вашата земја! Побогу, колку ниско може да одат!

На присутните им се обрати и пратеникот во Собранието на Република Македонија Борислав Крмов, кој ја лоцираше нашата задача и порача: ,,Да ја донесеме правдата на прагот на куќата на секој обичен човек. Да има леб и пристојна работа за сите, да има повторно безгрижно детство за нашите деца, тоа е товарот на оваа генерација!”

Портпаролот на партијата Амар Мециновиќ го прогласи антифашистичкиот фронт на Левица и народните маси кој ќе се пресмета на следните избори со т.н. ,,европски фронт” и широката коалиција: ,,Нашите класни и политички непријатели се вооружени со сиот информативен, безбедносен и финансиски капацитет на располагање. На нишан го држат цутот на слободата, но нивното оружје не може да ја победи вистината, нуту пак да спречи да се повтори историјата! Затоа, ние ќе победиме!”

Европратеникот Мик Волас, пријател на Левица и бестрашен борец против империјализмот го коментираше потполно потчинетиот однос на нашите политичари, издвојувајќи го министерот за надворешни работи Бујар Османи, за нивната сервилност и лудост во задоволување на империјалните амбиции на елитите од Запад: ,,Вашите политичари се спремни да ги праќаат вашите војници во Африка за да ги бранат интересите на бизнис елитите? Што мајка бараат македонските војници во Африка? Тоа не се ваши битки.”

Марко Шовиќ од Новата Комунистичка Партија на Југославија, повторно како и на минатот Пленум, се обрати и ги забележа монументалниот раст на партијата во изминатите четири години, и инспириран порача: ,,Левица на Балканот е светла точка која треба сите да ја следиме. Ние треба да се вратиме во Србија со сета инспирација која ја добивме денес и со заклучоците од вашето искуство да градиме Левица и во Србија.”

Во свечениот дел, делегатите, гостите и членовите на Левица ја проследија и културно-уметничката програма која во духот на македоската национална и социјалистичка традиција, како и принципите на интернационализмот, вдахна во вечерта благородна димензија и го издигна духот на партијата – со хорска изведба на химната на Република Македонија, Интернационалата и партиската химна ,,Во борба македонски народе”, преку поетско рецитирање на ,,Тешкото”, ,,Очи” и ,,Копачи”, бравурозните фолкорни настапи, изведбите на македонски партизански песни како ,,Абре Македонче” и патриотски како ,,Кога падна на Пирина”, се до балетска точки на песните ,,Аванти пополо” и ,,Бела чао”.

На странските гости, како и на Амбасадорите на Народна Република Кина и Руската Федерација, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев им врача статуетки како симбол на пријателство и благодарност за присуство на Пленумот.
Левица одлучно и бестрашно чекори кон освојување на власта во Република Македонија, првично преку целосно уништување на СДС во левиот политички спектар, потоа и преку победа над останатите партии на буржоазијата – до конечно ослободување!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy