Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пленковиќ ни порача: Не губете верба и надеж, вложете напори во спроведување на реформите за ЕУ
Македонија

Пленковиќ ни порача: Не губете верба и надеж, вложете напори во спроведување на реформите за ЕУ

05/04/2023

AA

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава, во своето обраќање пред пратениците во Собранието оцени дека неговиот престој во Скопје претставува нов чекор во продлабочување на нашите и онака одлични и пријателски односи. Пленковиќ го сподели хрватското искуство за влез во Унијата и бенефитите од тоа, но исто така ги охрабри пратениците и граѓаните да продолжат по тој пат, иако на моменти изгледа дека на него има многу препреки.

– Не само што Хрватска и Северна Македонија немаат отворени проблеми, туку и нашите односи секој ден се поблиски, посодржински и поцврсти. Тоа особено откако Северна Македонија стана членка на НАТО, со што станавме сојузници, истакна Пленковиќ.

Хрватскиот премиер нагласи дека денеска дошол во Скопје за уште еднаш да ја повтори јасната и цврста поддршка што Хрватска од самиот почеток ја дава на европскиот пат на Северна Македонија. Тој изрази гордост што одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е донесена за време на хрватското претседавање со Советот на ЕУ, што беше еден од клучните приоритети на Загреб.

Пленковиќ потенцира дека Хрватска исто така е и најактивната држава членка на ЕУ кога станува збор за поддршката и јакнењето на институционалните капацитети на нашата земја за пристапни преговори и членство во Унијата. Изрази задоволство што амбасадорот Владимир Дробњак, кој беше главен хрватски преговарач со ЕУ и помага на нашата Влада. Пленковиќ посочи дека Хрватска оваа година одбележува 10 години од членството во ЕУ и со влезот во Шенгенскиот простор и Еврозоната се постигнати двете најважни надворешнополитички цели, така што земјата сега е целосно интегрирана во ЕУ и со тоа подобро заштитена од сегашните и идните кризи.

– Во сегашни околности да припаѓаш во кругот од вкупно 15 земји кои се истовремено членки на НАТО, ЕУ, на Шенген и на Еврозоната и тоа како е голема предност, бидејќи значајно придонесува за нашата безбедност, како и политичката и финансиската стабилност, рече Пленковиќ.

Кога станува збор за политиката за проширување, тој нагласи дека премиерот на Хрватска може да послужи како пример за силата на трансформацијата што во себе ја носи перспективата за членство во ЕУ.

Пленковиќ ја потенцира важноста на политичкиот консензус на сите хрватски парламентарни партии за време на пристапни преговори за членството на Хрватска во ЕУ. Тоа, според него, значајно придонело за завршување на преговорите и покрај прилично неповолните околности.

– Улогата на Парламентот којшто усвои огромен број закони поради усогласување со европската регулатива беше клучна за успехот на нашиот пристапен процес, рече Пленковиќ.

За таа цел во Хрватскиот сабор било формирано посебно работно тело, Национална комисија за следење на преговорите со ЕУ на чие чело бил претставник на опозицијата, додека местото на потпретседател и припаѓала на владејачката партија. Освен тоа, членови биле и претставници на академската заедница, на Синдикатот и работодавачите, со цел да се вклучат што поголем број претставници и кои исто така биле важни во подготовките на што подобри преговарачки ставови.

– Од денешна перспектива можам да кажам дека таков еден „Сојуз за Европа“ ги собра сите политички и општествени структури и спречи околу процесот на преговори со ЕУ да се водат погубни внатрешно-политички битки и препреки, кои инаку би го забавиле нашиот пат кон членство, рече Пленковиќ.

Според него, припадниците на сите делови од хрватското општество и целокупната јавност почувствувале дека процесот на пристапување кон ЕУ е заеднички потфат. Токму затоа клучната порака на хрватскиот премиер беше упатена кон пратениците и сите граѓани на Македонија.

– Со бројни примери го докажавте повеќе од јасно вашето определување за членство во ЕУ, покажувајќи политичка визија и храброст во исклучително предизвикувачки политички моменти за вашата земја. Свесен сум и во целост разбирам одредени фрустрации и незадоволство, имајќи ги предвид годините на чекање пред вратата на ЕУ, но овој пат сакам да ве охрабрам да не губите верба и надеж, туку напротив да вложите дополнителни напори во спроведување на реформите и условите како подготовка за идно членство во Унијата. Колку и тоа сега да ви се чини тешко и неизвесно, политичките прилики и вашето јасно определување за членство во Унијата, во ЕУ, бара да направите исклучително важен чекор за вашата земја, за нејзините граѓани и идните генерации, рече хрватскиот премиер.

Хрватска, нагласи Пленковиќ, со своето влијание, искуство и знаење ќе продолжи да и помага на Северна Македонија на нејзиниот зацртан европски пат.

– Во Хрватска со која делите долга традиција на заемни односи ќе имате и натаму искрен и најверен сојузник. Северна Македонија заслужува да биде дел од европското семејство, порача тој, повторувајќи ја цврстата поддршка што Хрватска и ја дава на Северна Македонија на европскиот пат.

Осврнувајќи се на војната во Украина пред пратениците, Пленковиќ рече дека Хрватска ќе продолжи и натаму да ја поддржува оваа земја на политички, финансиски и дипломатски план, хуманитарно и со воена помош. Тој изрази задоволство што за сето тоа постои согласност со Владата на Северна Македонија која во тој поглед ја усогласи својата надворешна политика со надворешната политика на ЕУ, што е од особена важност бидејќи, како што кажа, Северна Македонија покажала дека е навистина приврзана кон заедничките европски вредности и дека е на вистинската страна на историјата.

Според Пленковиќ, бројни предизвици и закани во овој момент бараат силна поангажирана и појасна улога на ЕУ во глобалните односи. Тој додаде дека руската агресија на Украина фрли ново светло и на перспективите на земјите од ЈИЕ и нивниот стремеж да се придружат на ЕУ, а во согласност со тоа потребна е нова стратешка визија за иднината на регионот за да се осигура не само нејзината стабилност, туку и демократизацијата и стопанскиот развој.

– Идното членство на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ е вистински политички, безбедносен и економски интерес на Унијата, заклучи Пленковиќ.

На свечената седница присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, претставници на судската власт, лидери на верските заедници, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy