
Платите во Србија и натаму растат – еве колку ќе земаат во декември
Растат платите во Србија.
Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра.
Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.
Просечната плата до крајот на 2025 година ќе биде 1.000 евра, а пензиите ќе се движат меѓу 430 и 450 евра. Српските работници земаат повисоки плати од Македонците, а има и работници од нашата земја кои работат кај северниот сосед.