Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЛАТИ НИЗ ЕВРОПА: Каде нето заработката е поголема од бруто?
Економија

ПЛАТИ НИЗ ЕВРОПА: Каде нето заработката е поголема од бруто?

28/05/2025

AA

Главните причини за овие разлики се даноците и придонесите за социјално осигурување. Во некои земји, семејните додатоци имаат дополнително влијание.

Колку всушност останува од платата низ Европа? И што е тоа што ја намалува бруто заработката?

Одговорот првенствено зависи од тоа дали имате деца и дали вашиот партнер исто така има приход. Во многу земји, ова може да ви овозможи да добиете надоместоци или поврат на данок. Еуроњуз анализираше три типични сценарија за 2024 година.

Податоците се базираат на лице кое заработува 100 отсто од просечната национална плата. За оние со повисоки или пониски приходи, соодносот помеѓу бруто и нето приходот се менува.

Нето заработката значи она што едно лице или домаќинство го задржува откако ќе се одбијат даноците и придонесите од бруто износот, и ќе се додадат сите семејни додатоци, објави Б92.

1. Слободен/а без деца

Според податоците на Евростат за 2024 година, просечното самохрано лице без деца во ЕУ задржува 68,6 oтсто од својата бруто заработка. Ако просечната плата во земјата е 1.000 евра, тоа значи дека едно лице задржува 686 евра, додека 314 евра одат за даноци и придонеси.

Во анализа на 31 земја (ЕУ + Швајцарија, Норвешка, Исланд, Турција), нето приходите во однос на бруто се движат од само 60,3 отсто во Белгија до 84,4 отсто во Кипар.

Следните имаат најмала задржана сума пари (под 66 отсто):

Белгија, Литванија, Германија, Романија, Данска, Словенија и Унгарија.

Највисока нето заработка (над 75 отсто) е забележана во следниве земји:

Кипар, Швајцарија, Естонија, Чешка, Бугарија, Шпанија, Шведска, Словачка, Полска и Португалија.

Франција има стапка од 71,9 отсто, а Италија 69,6 отсто.

2. Семејство со еден вработен и две деца

За двојки со деца каде што работи само едно лице, нето-приходот може значително да се зголеми. Просекот во ЕУ е 82,6 отсто, со опсег од 70,4 отсто во Романија до дури 107,1 отсто во Словачка, каде што, благодарение на детските додатоци и „негативниот данок“, нето-заработката е поголема од бруто-заработката.

Земји со највисока нето заработка во овој модел:

Словачка, Полска, Швајцарија, Чешка, Луксембург и Португалија (сите над 90 отсто).

Најмалите промени се забележани во:

Турција, Грција, Кипар, Финска, Норвешка и Шведска.

3. Брачна двојка со две деца, каде двајцата родители се вработени

Просечната нето заработка во овој модел е 73,6 отсто од бруто износот. Најниска е во Белгија (65,8 отсто), а највисока во Словачка (88,9 отсто).

foto Shutterstock/Vladyslav Starozhylov

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy