Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Плата до 70.000 денари, 40ч. работно време – се бараат работници за автопатите на „Бехтел&Енка“
Македонија

Плата до 70.000 денари, 40ч. работно време – се бараат работници за автопатите на „Бехтел&Енка“

19/04/2023

AA

Оглас за вработување на работници до 22 јануари во 2028 година, односно до завршување на проектот, објави Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во врска со изградба на четирите автопати на коридорите 8 и 10Д што се доверени на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“. Работното време, како што се наведува во огласот, е 40 часа неделно, објави Телма.

Огласот е отворен до 25 април, а директорот на ЈПДП ќе формира комисија за селекција на кандидатите. „Филтерот“ може да трае од 45 до 120 дена, што ќе зависи од бројот на апликанти.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Најплатена позиција, а со тоа и најатрактивна, е за едно лице – помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер. Основната плата што се нуди е 70.052 денари, со осумчасовно дневно работно време во прва смена.

Преку огласот се бара и еден координатор на единицата за подготовка на проектот. Критериумите за таа позиција е диплома од некој од факултетите за општествени науки. Месечната нето плата е 60.005 денари за, исто така, 40-часовна работна недела. Се бара и од еден координатор „на единицата за техничка изведба на проектот“, кој треба да биде градежен инженер за плата од 65.029 денари.


За реализација на проектот се бараат и четворица специјалисти за експропријација на имот. Кандидатите треба да имаат завршено факултет од општествените науки. И за нив ќе важи истото работно време (40 часа), а ќе добиваат основна плата од 45.045 денари. Се бара и по еден преведувач и по еден „известувач“ за проектот за плата од 45.045 денари.

Се бараат и двајца администратори кои може да имаат средно образование, а ќе добиваат нето плата од 30.000 денари. За истата плата се бараат и двајца возачи со најмалку средно образование.


На огласот се отвораат и пет работни позиции за „специјалисти за инвестиции и градба на патишта“. Тоа би биле градежни инженери со тригодишно искуство за плата од 55.037 денари. За истата плата се бара и еден „урбанист“, еден геодет, како и двајца „специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација“. Оваа плата ќе ја добиваат и двајца што се разбираат во заштита на животната средина, еден електроинженер што се разбира во енергетски објекти и еден сообраќаен инженер.

Проектот беше официјализиран на 4 април на настан кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар, една од четирите делници што ќе се градат во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра. Останатите три делници опфатени со договорот со изведувачот „Бехтел&Енка“ се Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy