Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЛАСТИЧНИ КОРЕКЦИИ, ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ, СКАПИ РАБОТИ – кои се сестрите од Косово фатени со 30 килограми марихуана
Регион

ПЛАСТИЧНИ КОРЕКЦИИ, ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ, СКАПИ РАБОТИ – кои се сестрите од Косово фатени со 30 килограми марихуана

12/02/2023

AA

Уапсените сестри наркоманки, државјанки на Словенија, Валбина Х.(29) и Блеона Х.(24), родум од Косово, во вторникот беа уапсени во Белград со 30 килограми марихуана, на своите профили на социјалните мрежи претходно споделуваа фотографии со егзотични дестинации и луксуз. 

Основното училиште сестрите го завршиле во Кмник, а потоа Блеона се запишала на средно економско, додека Валбина завршила фризерско училиште, велат словенечките весници.

Како што можеме да заклучиме од фотографиите на социјалните мрежи, пишува Блиц.рс, сестрите обожавале пластични операции, па всушност биле целосно „средени“.

– Обожаваат да се шминкаат и да носат брендирани работи.. Следат трендови, како и другите девојки.. Се изненадив кога слушнав дека кај нив е пронајдена толку многу дрога – вели извор запознаен со случајот.

Блеона Х. често на социјалните мрежи истакнува дека по потекло е од Косово, па се потпишува како „Косововјанка“, односно „девојка од Косово“. Во преден план на нејзините фотографии е симболот на државата Албанија, црн двоглав орел, кој го има истетовирано на подлактицата од левата рака.

– Покрај тетоважите, на фотографиите има и брендирани гардероби, како и слики од забави и луксузни патувања. Исто така, сестрите често патуваат на Косово и Метохија, најмногу во Приштина, а во лето сакаат да го посетат Улцињ во Црна Гора – објаснува изворот.

Да потсетиме, словенечките државјани Валбина Х. и Блеона Х., кои беа уапсени откако полицијата во нивниот автомобил во Белград пронашла 48 пакувања со вкупно 30 килограми марихуана, на рочиштето изјавиле дека дрогата не е нивна!

Тие беа спроведени во Вишото обвинителство во Белград, каде што дадоа кратка одбрана во која негираа дека шверцуваат дрога.

-Сестрите беа сослушани, изјавија дека не знаеле дека во автомобилот има дрога. Рекоа дека се во шок и дека подоцна ќе дадат подетална одбрана – потврди бранителот на уапсените сестри, адвокатот Далибор Катанчевиќ.

Обвинителството, како што се дознава, предложило на сестрите да им биде одреден притвор до 30 дена.

Тие се уапсени на автопатот во Белград, а постои сомнение дека дрогата од Косово ја превезувале во Западна Европа, односно во Словенија каде што живеат.

-Се проверува дали уапсените девојки знаеле што превезуваат во автомобилот, односно дали се само курири или се посериозни во овој „бизнис“ – вели извор од истрагата, потсетувајќи дека уапсените словенечки државјанки биле сам во автомобилот „сеат“ во моментот на нивното апсење“.

Зад воланот била постарата сестра на Валбина Х., додека помладата на совозачкото седиште.

Блиц.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy