Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пивоваров: Палевски ја одложува екстрадицијата од Турција
Магазин

Пивоваров: Палевски ја одложува екстрадицијата од Турција

02/04/2024

AA

Нормално е дека нивните адвокати ќе се обидуваат да ja одложат екстрадицијата, но задача на државата Турција е да постапи по нашето барање, кое беше во сите експресни рокови напишано и испратено. Често, пракса е во вакви случаи, каде што со оглед на тежината на делото затворската казна е речиси однапред позната, да се користат сите можни механизми тоа да се одложи, вели националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“. 

– Ова беше еден многу тежок случај, каде што имавме Н.Н. извршители. Можам да потврдам дека ова е школски пример на брзо и ефикасно решавање на еден комплициран случај за кој колегите од соседните држави буквално ни пружија рака за професионалноста. Без разлика на тоа што го зборуваат политичките парти, дека имало вакви или онакви пропусти. Да потсетам, веднаш по стапувањето на функцијата, министерот Панче Тошковски поведе истрага преку внатрешната контрола на МВР да се проверат тие информации и на крај ова што го кажувам го потврди и таа контрола.

Значи, во моментот на напуштање на државата полицијата, сѐ уште нема ништо цврсто за Палевски за да може да му се забрани излез од државата. Тоа се добива веќе во следните неколку дена, кога експресно е  ставен на меѓународна потерница. Значи граничните служби немале законска задача да го сопрат тоа лице.Јавноста сака да теоретизира и да мисли дека сѐ може да се реши во секунда. А, во пракса тоа се тешки моменти за оперативците, кои токму поради вакви притисоци од јавноста и избрзување, може да направат многу грешки, што не беше случај во оваа истрага.Сепак, ќе мора докрај да дочекаме да се заврши екстрадицијата, кога сите досега прибрани вербални и материјални докази ќе се спротивстават на она што може да го каже и другата страна, која сигурно има и своја верзија на настаните, вели Пивоваров.

според него во многу весници однапред се прејудицираше дека злосторникот е тој, а сѐ уште ја немаме слушнато другата страна.

-Да, МВР има цврсти докази, кои многу веројатно се точни, но ние како јавност не треба да судиме пред судот, туку да ја сочекаме целата процедура до пресудата. Верувам дека многу скоро ќе дојде екстрадицијата, која е клучна за ова правно да се заврши. Нормално е дека нивните адвокати ќе се обидуваат ова да го одолжуваат, но задача на државата Турција е да постапи по нашето барање, кое беше во сите експресни рокови напишано и испратено.Често, пракса е во вакви случаи, каде што со оглед на тежината на делото, затворската казна е речиси однапред позната, да се користат сите можни механизми тоа да се одложи. Палевски знае што го чека во Македонија и веројатно затоа се фаќа за секоја сламка во Турција, вели Пивоваров.

На прашањето ако можеби немало пропусти во бегството на Палевски, како имаше во она на Никола Груевски, Пиваворов одговори:

– Имаше изјави и од министерот и од обвинителката за организиран криминал дека ќе се спроведе истрага кој сѐ е вмешан, но до денес не добивме одговор до каде е таа истрага.Без разлика на тоа, мое видување е дека дефинитивно имало големи пропусти во овој случај. Бидејќи кога имате таргет лице што треба да биде судено и во таква ситуација да се потпрете на таква заштита, односно само на лицата што претходно го обезбедувале, тоа е недозволиво. Па, работење или неработење на камерите на граничниот премин Блато.

Инаку во тој момент, јас случајно бев во Албанија, каде што веста на Топ ченл таму се објави пред да се објави и во Македонија. Јас разговарав веднаш со колегите и факт е дека тие не презедоа ништо за лицето што нелегално влегло во државата и му било дозволено за два часа да ја помине цела Северна Албанија и да ја напушти земјата на друг граничен премин. Истото се повторува и со Црна Гора и Србија.Сето ова не можело да се изведе без голема поддршка од службите на сите овие држави. Сетете се на аферата „Шпион“, кога лица беа директно обвинети за соработка со унгарската држава, а тогашниот претседател Ѓорге Иванов само неколку дена подоцна го одликуваше унгарскиот премиер. Тотална контрадикторност во меѓународната пракса, која укажува дека уште тогаш постоело големо пријателство со Виктор Орбан, вели Пивоваров.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy