
ПИСА: Македонските ученици немаат елементарни познавања од математика и читање
Македонските ученици немаат елементарни познавања од математика и читање, покажуваат резултатите од меѓународниот тест ПИСА, со кој се тестираат вештините на 15-годишните ученици да го применат стекнатото знаење во пракса.
По математика нашите ученици се на последното место во Европската унија, а во читањето – одново до последно место.
Просечните резултати за минатата година се полоши од оние во 2018 година во сите три тестирани полиња. Сепак, покрај неодамнешниот пад, резултатите по математика за 2022 година се подобри од оние во 2015 година, додека резултатите по читање и наука се вратиле на нивото кое последен пат било забележано во 2015 година.
Во периодот од 2018 до 2022 година јазот меѓу 10 отсто ученици со најдобри и најлоши резултати се намалил и на полето на математиката и на читањето и науката. По математика, најслабите станале подобри, но најдобрите ослабнале.
34 отсто од учениците во Македонија постигнале ниво 2 по математика, што е далеку од просекот на ОЕЦД од 69%
Само 1 отсто од учениците во земјава имале врвни резултати по математика, што значи дека се на ниво 5 или 6. Просекот во ОЕЦД е 9 отсто.
26 отсто од учениците во земјава постигнале ниво 2 или повисоко во читање, а просекот на ОЕЦД е 74%.

