Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Пирамидата“ на Енвер Хоџа во Тирана се претвора во технолошки парк
Регион

„Пирамидата“ на Енвер Хоџа во Тирана се претвора во технолошки парк

19/02/2023

AA

„Пирамидата долго време беше потсетник на бруталниот режим и децениските разочарувања што следеа во Албанија. Сега, тој е симбол на град кој претендира да биде високотехнолошкиот „Тел Авив на Балканот“.

Изградена во 1980-тите за да меморијален центар во чест на смртта на диктаторот Енвер Хоџа, бетонската и стаклената пирамида во центарот на главниот град на Албанија, Тирана, се распаѓаше додека инженерите и градежните работници пристигнаа да ја спасат.

Вака ја започнува својата статија престижниот американски „Њујорк тајмс“, цитирајќи го новинарот Ендрју Хигинс.

Искршени се прозорците, бездомниците спиеле во мувлосаните простории, обоени со графити и мирисаат на урина. Празните шишиња и шприцови го прекриле подот, кој бил покриен со полиран мермер кога пирамидата, светилиште на покојниот албански диктатор Енвер Хоџа, за првпат била отворена во 1988 година.

„Местото беше руина“, се присетува Генци Големи, инжинерот на локалитетот, на неговата прва посета.  Сега, по две години реконструктивна работа, зградата е сјаен храм на амбициозните надежи на Албанија за иднината.

За градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, промената на пирамидата за 22 милиони долари покажува како тој го замислува главниот град – како „Тел Авив на Балканот“, со центар за висока технологија што нуди работни места и ветувања за земја која беше толку сиромашна и далеку од модерна под диктатурата на Енвер, кој почина во 1985 година.

Сепак, по децении неуспешни големи планови за пирамидата, надежта сега е голема. Се пренаменува како простор за училници, кафулиња и канцеларии на технолошки компании и е планирано да се отвори подоцна оваа година.

„Хоџа ќе се сврти во својот гроб за да го види неговиот споменик преобразен во прослава на капитализмот, работата и иднината“, рече Велиај, стоејќи на врвот на пирамидата, висока околу 70 метри.

Вини Маас, главен архитект на MVRDV, холандска фирма која го предводи редизајнот на пирамидата во Тирана, рече дека бил инспириран од реконструкцијата на Рајхстагот во Берлин на британскиот архитект Норман Фостер.

Албанија беше последната земја во Европа која се откажа од комунизмот, што го стори тоа во 1991 година.

Во „пирамидата“ имало статуа од Хоџа тешка 22 тони, која морало да биде изнесена за да не биде искршен цел комплекс од бунтовниците во текот на 90-тите години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy