
Пипо Инзаги е пред враќање во Серија А
Салернитана е подготвена да му врачи отказ на Пауло Соуса поради лошиот старт на сезоната. По првите осум кола уште немаат ниту една победа. Со три нерешени средби се на претпоследната позиција.
Салернитана од Соуса не била задоволна и поради фактот што тој преговарал и со други клубови во текот на летото и ја разгледувал можноста да го раскине договорот со нив пред неколку месеци.
Очекувањата се дека Салернитана наскоро ќе му врачи отказ, а големи се шансите на негово место да дојде Пипо Инзаги.
