
Пиоли два клуба сака да избегне во ждрепката за четвртфиналето од ЛШ
Иако има време до ждрепката за четвртфиналето, Пиоли беше прашан кој сака да избегне. Одговорот е Интер и Наполи.
„Италијанскиот фудбал напредува. Се надевам дека нема да се сретнеме со клубовите од Серија А во четвртфиналето“, изјави Пиоли.
„Милан со години немаше играно во Лигата на шампионите и минатата сезона ни беше тешко. Сега имаме повеќе искуство, се соочуваме со предизвиците со вистинску дух“.
Интер и Наполи допрва треба да го заверат пласманот во четвртфиналето. Интер дома го победи Порто со 1-0, а Наполи со 2-0 славеше на гостувањето кај Ајнтрахт.
Засега во четвртфиналето се пласираа Милан, Баерн Минхен, Бенфика и Челси.

