
ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ДО ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и му го одзеде возилото

Вчера вечерта се случи инцидент кога 76-годишен скопјанец изгуби контрола над своето патничко возило „цитроен“ и излетал од коловозот на место викано „Преслап“ кај Локвица.
Полицијата која пристигна на местото на настанот, по извршени проверки, утврди дека возачот бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,57 промили во крвта. Возилото му беше одземено, а возачот приведен.
Полицијата апелира до сите возачи да не управуваат возило под дејство на алкохол и да внимаваат на патиштата, особено во планинските краишта каде се чести овакви незгоди.
.

