Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пијан бил возачот на едно од возилата во сообраќајката кај Кадрифаково
Магазин

Пијан бил возачот на едно од возилата во сообраќајката кај Кадрифаково

03/06/2023

AA

Возачот на „шевролетот“, кој вчера учествуваше во тешка сообраќајна незгода кај Кадрифаково, при што загинаа три лица, бил под дејаство на алкохол, покажала истрагата, а концентрацијата на аклохол во крвта дополнително ќе се утврдува.

Според направениот увид и првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале кон Скопје од веселба во Кочани, почнал да претекнува возило „тојота“ со кочански таблички во кое се превезувале две лица.

Во моментот на престигнувањето, возачот на „шевролетот“ загубил контрола врз возилото по што прво удрил во левата банкина, а потоа се одбил и удрил во автомобилот што паралелно го претекнувал. Како последица на судирот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, соопшти Основното јавно обвинителство по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Миладиновци во која загинаа три лица.

Како последица на сударот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, при што животот го загубиле три лица од скопскиот автомобил – сопруга, ќерка и мајка на сопругата на возачот. Останатите четворица учесници во несреќата се здобиле со телесни повреди, а најтешки повреди се констатирани кај сопатникот во кочанското возило.

Првичното тестирање кај возачот на автомобилот „шевролет“ покажало присуство на алкохол, но дополнително, со цел да се утврди точниот процент, земени се примероци од крв за анализа.

На местото на несреќата е повикан сообраќаен вештак, а обвинителството ќе издаде наредба за комплетно сообраќајно вештачење.

„Се обезбедува целокупна медицинска документација за повредените и починатите во несреќата. По целокупното испитување на настанот, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“, се вели во соопштението.

Тројца од повредените, кои беа хоспитализирани во Клиничка болница Штип, се пуштени на домашно лекување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy