Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петто по ред зголемување на платите во Рудник САСА за последните три години
Македонија

Петто по ред зголемување на платите во Рудник САСА за последните три години

11/02/2025

AA

И покрај сите предизвици поврзани со растот на оперативните трошоци и нестабилноста на цените на оловото и цинкот на светските пазари, околу 790 вработени во рудникот Саса и оваа година ќе добијат повисоки плати. Менаџерскиот тим на Саса донесе одлука за ново зголемување на платите во износ од 10% на основната плата. Ова е петто по ред во последните три години, кое почнува да се применува со исплата на јануарската плата. Заедно со претходните четири покачувања, платите во Саса се зголемени за над 40% во однос на нивото пред 2022 година.

Со најновото зголемување, Саса успеа да ја задржи позитивната разлика помеѓу платите во рудникот и просечната исплатена плата на национално ниво, која беше воспоставена по влезот на компанијата Централ Азија Металс (CAML) во Саса во 2017 година. Имено, со ова зголемување, платите во Саса остануваат значително повисоки од националниот просек, а притоа се поголеми и од платите на вработените во сите останати рударски компании во земјата.

Истовремено, податоците покажуваат дека од 2017 година до денеска, платите во Саса се зголемени за повеќе од 100%, а во истиот временски период, според официјалните податоци од државните институции, вкупните трошоци за живот во земјата се зголемени за околу 40%. Ова покажува дека со досегашното зголемување на платите, Сaса успешно ја штити и унапредува  благосостојбата на своите вработени, наспроти растот на цените и животните трошоци во земјава.

„И покрај нестабилноста на цените на пазарот на оловото и цинкот со кои се соочуваме во изминатите неколку години,  континуираното зголемување на оперативните трошоци и големите инвестиции што ги правиме за да го продолжиме животниот век на рудникот Саса, сепак најдовме начин и оваа година да направиме значително зголемување на платите на нашите вработени. Се надеваме дека ова ќе претставува уште една дополнителна мотивација за нашите вработени, која ќе се одрази позитивно на продуктивноста и вкупните перформанси на рудникот Саса, а кои се неопходни за неговиот натамошен одржлив развој и обезбедувањето на сигурноста на работните места“, изјави генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн.

Со сите релевантни податоци за работењето на Саса, вклучувајќи ја и најновата одлука зголемување на платите, запознаени се и претставниците на синдикалните организации во Саса.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
Македонија

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба

06/11/2026
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46639
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота ќе достигне 18 степени

06/11/2026

Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба да даде одговори за „Ласкарци“

06/11/2026

Поединци во судството ги рушат стандардите што се постигнати со законските измени и со напорите на институциите за подобрување на

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА? Ако нема коj друг,

06/11/2026

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток, според процената на локалните власти, неконтролирано се движат низ Кривопаланечко, уништуваат насади и оштетуваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy