
Петрушевски: Левица не го поддржа Законот за студентски оброк, толку од лажната грижа
Бране Петрушевски, пратеник, на својот Фејсбук профил напиша дека пратениците на Левица ги немало да го поддржат Законот за студентски оброк.
Според него, најверојатно поважно им било јадењето на својот далеку побогат оброк во собранискиот ресторан.
„Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција се изборија за правата на студентите што протестираа пред Министерството за образование, предлагајќи ги нивните измени во Законот за студентски оброк, Левица освен на социјалните мрежи ги нема никаде кога реално треба да се сработи нешто за интересот на граѓаните“, напиша тој.
