Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста, но одредената мерка куќен притвор за Артан Груби е одлука на Обвинителството a не договор!
Македонија

Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста, но одредената мерка куќен притвор за Артан Груби е одлука на Обвинителството a не договор!

24/02/2026

AA

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДС, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството.

„Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна“, дециден е Петрушевски.

Тој додаде дека обвинителтвото е со два посто доверба за кое СДС се бореше да не биде сменето, притоа посочи дека за претходното седумгодишно владеење на СДС граѓаните им станало нормално да гледаат како министри нарачуваат обвиненија, за разлика од денес кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Артан Груби, Перпарим Бајрами, а во истата кривична пријава е и поранешниот премиер и претседател на СДС, Ковачевски, потенцирајќи дека можеби оттука им е и стравот и паниката на СДС.

„Јас разбирам дека граѓаните веќе им станало нормално после претходното седумгодишно владеење на СДС да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што ова е истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, коешто е под контрола на СДС и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до два проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДС беше политичката партија којашто беше против тоа“, заклучува Петрушевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРУБИ, ИСТО КАКО И ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ БЕШЕ БЕЗБЕДЕН ВО

25/02/2026
Македонија

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН

24/02/2026
Македонија

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача

24/02/2026
Македонија

Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста, но одредената мерка куќен притвор

24/02/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

24/02/2026
Македонија

Кристина Атовска за 4TV.mk разговара за искуствата од военото известување

24/02/2026
Македонија

ДОБАР ПРОФЕСОР МОРА ДА ГИ СЛЕДИ НОВИНИТЕ ВО НЕГОВАТА ОБЛАСТ,

24/02/2026
Македонија

Даниел Ткие за 4tv.mk: Стратегијата на Путин со „зимата како

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41898
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРУБИ, ИСТО КАКО И ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ БЕШЕ БЕЗБЕДЕН ВО ШУТКА Директорот Утковски посочува дека

25/02/2026

Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН ПРИТВОР Јошевска Анастасовска од Судскиот

24/02/2026

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет, му одговори на министерот за правда Игор Филков, кој денеска побара одговорност од

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача во мојата кариера, не смеете

24/02/2026

Новинарката Кристина Атовска, која двапати известувала од Украина, во гостувањето на 4TV.mk го опиша денот во животот на еден новинар

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy