
Петровска: Загрижени сме за северот на Косово, ние сме позитивен пример како да се надминат проблемите
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска гостува во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека се загрижени за состојбата на северот на соседно Косово.
Според неа, ние сме позитивен пример како да се надминат проблемите.
„Не му треба на Балканот нов конфликт, и секој конфликт кога и да се случи и за што и да се случи, завршува на крај со седнување на маса“, вели Петровска.