Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска во Дневникот на МРТ: продолжуваме со поддршката за Украина, во Северна Македонија реализирана првата обука на украински војници
Македонија

Петровска во Дневникот на МРТ: продолжуваме со поддршката за Украина, во Северна Македонија реализирана првата обука на украински војници

21/11/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во Тема на денот во Дневникот на Македонската телевизија информираше дека е реализирана обука на украински војници во Северна Македонија, со што, како што рече, се потврдува нашата заложба за континуирана поддршка кон правото на Украина да се одбрани од руската агресија.

„Се понудивме и веќе ја реализиравме првата обука, првиот тренинг на украински војници кои успешно ја завршија обуката во Република Северна Македонија во објекти, во локации кои се сопственост на Армијата на Република Северна Македонија за што беше донесена соодветна одлука на Владата на Република Северна Македонија, а која од безбедносни причини ја соопштуваме откако таа заврши“, рече министерката. Петровска додаде дека ваквиот вид на поддршка и преку тренинзи и преку обуки кои се димензионирани согласно побарувањата на украинската страна ќе продолжи и во текот на 2024 година и сè додека за тоа има потреба.

Северна Македонија се вбројува во првите пет држави од членките на Алијансата кои најмногу помош пружиле на украинската војска во отпорот и во борбата кои тие секојдневно ја имаат повеќе од една година, рече министерката, и порача дека нема да отстапиме од таквата заложба.

„Остануваме отворени доколку има потреба од донација на оружје или каков било вид на вооружување кое го поседуваме, а кое согласно прописите во нашата армија не е неопходно и може да биде дадено. Таква одлука нема двоумење дека ќе донесеме“, рече министерката.

Северна Македонија досега во десет наврати донираше воена и хуманитарна опрема за одбрана на Украина од руската агресија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy