Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска вели дека функционалните хеликоптери се задржани,а ги донирале тие што ГШ проценил дека не ни требаат
Македонија

Петровска вели дека функционалните хеликоптери се задржани,а ги донирале тие што ГШ проценил дека не ни требаат

05/04/2023

AA

Донациите за поддршка на Украина со воена опрема апсолутно не влијаат и не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ Шења.

– Доколку тоа беше така јас сигурно немаше да ги предложам тие одлуки, ниту пак, убедена сум, Генералштабот на Армијата ќе дадеше позитивно мислење. Затоа што пред сè и над сè, без разлика на мојата политичка волја да помогнеме, ако Генералштабот на Армијата дадеше негативно мислење верувајте дека и јас немаше да предложам било каква одлука до Владата, истакна Петровска.

Говорејќи за хеликоптерите кои се предмет на донација, Петровска потенцира дека тие се комплетно нефункционални веќе подолго време, а причината за нивната нефункционалност е немањето резервни делови кои се од руско производство, состојба која се провлекувала години наназад.

– Ние правиме наши планови, национални, за развој на одбранбените способности, преминуваме од таа источна или застарена платформа, на нова, модерна, западна платформа. Старите хеликоптери, произведени во `84-та година, ги заменуваме со нови хеликоптери. И повторно ќе кажам – тие и претходно не беа во функција. Оние кои се во функција и ѝ се потребни на Армијата – тие се задржани и се дел од воздухопловството на Армијата. Тие се разбира дека немаме намера да ги отуѓиме се додека не стигнат новите, односно не започне набавката, не стигнат новите, и бидат ставени во употреба. Заради тоа што не е само да го имате оружјето или опремата или во случајот хеликоптерите, тие треба да бидат ставени во употреба низ процедура којашто е многу јасно пропишана во Армијата што значи дека персоналот треба да биде соодветно обучен, да поминат определен број на часови на летање конкретно за воздухопловите, па дури потоа тоа се донесува одлука дека тие стапуваат во употреба. Тогаш, може да носиме дополнителни одлуки за тоа што ќе се случува со оние хеликоптери кои сега се во употреба и ги користиме, реле Петровска.

Таа посочи дека и растот на буџетот, особено растот на процентот од буџетот наменет за модернизација, покажува дека донациите не нанесуваат никаква штета на опременоста на Армијата.

– Тоа ќе беше случај ако изминатите години, пред јас да станам министерка, во Армијата не беа правени вложувања. Напротив. Процентот на раст на буџетот на одбраната, особено од 2019 година наваму, говори за сосема нешто друго. Говори дека се надополнува сиот оној изминат период од десетина години кога во Армијата многу малку се инвестирало, не само во вооружување и во опрема туку и во човечките ресурси, дека тој сега значително со забрзани чекори се подобрува и зголемува. Оваа година над 33% од буџетот за одбраната оди во модернизација и опремување на Армијата, истакна Петровска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy