Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска – Тилвар: Северна Македонија е контрибутор на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, ќе биде доверлив пријател и во ЕУ
Македонија

Петровска – Тилвар: Северна Македонија е контрибутор на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, ќе биде доверлив пријател и во ЕУ

25/04/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска со високи државни и воени почести, ја пречека делегацијата од Романија предводена од министерот за национална одбрана Ангел Тилвар, кој престојува во еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија.

На денешната средба помеѓу двете делегации било истакнато дека ваквите состаноци се многу важни, особено заради безбедносна состојба во Европа на кои се споделуваат идеи и се дискутира за идните чекори.

Министерката Петровска, соопштија од МО, потенцирала дека романската надворешна политика е многу одговорна и посветена на мирот и соработката и упати благодарност за континуираната поддршка на нашата земја на патот кон ЕУ.

Информирајќи го за модернизацијата на Армијата и реформите во одбраната, Петровска нагласила дека како и досега, така и понатаму Северна Македонија ќе продолжи да придонесува со своето активно учество во промовирањето на мирот и безбедноста и како НАТО сојузник, особено во зајакнување на источната граница на Алијансата.

– НАТО мисијата eVA (enhanced Vigilance Activities) во Романија и Бугарија – не се само политички одлуки, за нас е многу важно со вистински операции да покажеме дека сме дел од НАТО, потенцирала Петровска.

Во тој контекст, романскиот министер Тилвар изразил благодарност за придонесот на Северна Македонија во НАТО мисијата eVA.

– Вашата поддршка во eVA не е само политичка одлука, туку ја покажува вашата посветеност за одбрана на слободниот свет. НАТО донесе правилна одлука со членството на Северна Македонија во Алијансата, затоа што се докажавте како добри пријатели, рекол романскиот министер.

Додал дека токму во овие кризни времиња Европската унија не треба да ја остави интеграцијата на Западен Балкан на страна и ја нагласил важноста на регионот на Црното море и за мирот во Западен Балкан и во Европа.

– Докажавте во НАТО дека сте доверлив пријател, вие сте контрибутор на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, ќе бидете доверлив пријател и на Европската Унија, истакнал министерот Тилвар, стои во соопштението од МО.

Двајцата министри за одбрана оцениле дека веќе потпишаниот План за билатерална одбранбена соработка кој содржи 17 заеднички активности е показател за одличната соработка.

Во рамки на денешната официјална посета, министерот Тилвар ќе оствари средба со врховниот командант, претседателот на државата Стево Пендаровски и ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy