
Петровска оптимист за уставните измени: ЕУ е нешто што им го должиме на граѓаните!
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска гостува во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме и уставните измени.
Петровска е оптимист дека до завршување на скринингот, ќе има уставни измени.
„Јас сакам да верувам дека во државата има државнички капацитет за носење на ваква одлука заради тоа што да се пазарите со уставни измени кои се дел од остварувањето на нашата стратешка цел за членство во ЕУ не е ниту државнички, ниту лидерски“, вели Петровска.
Таа додава дека Европската Унија е нешто што им го должат на граѓаните.