Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: На Украина и подаривме тенкови, авиони Сухој, пешадиско оружје, муниција, опрема за противтенковска борба и друго
Македонија

Петровска: На Украина и подаривме тенкови, авиони Сухој, пешадиско оружје, муниција, опрема за противтенковска борба и друго

15/03/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска информираше дека е исполнето ветувањето дадено пред јавноста и дека вчера е извршена делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина.

Во гостување синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ 21, како што соопштија од Министерството за одбрана, Петровска информираше дека декласификацијата се однесува на видот на опрема која е донирана со шест одлуки за донација на воена помош за Украина.

-Донациите се состојат во пешадиско вооружување и муниција, артилерска опрема, тенкови, коишто веќе еднаш ги потврдивме, воздухоплови или познатите авиони Сухои, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство, како и интендантски материјални средства, подвлече Петровска.

На прашањето дали станува збор за нова опрема, министерката за одбрана истакна дека тоа е опрема од источно производство и дека истата не била дел од формацијата на Армијата.

–Она што е особено важно е дека таа не претставува дел од формацијата на Армијата, односно не придонесува за гарантирање за борбената готовност на нашата Армија. Односно со донирањето на сета претходно донирана опрема, вклучително и она што денеска го дониравме, не се нарушува борбената готовност на нашата Армија. Тоа е она што на пример, на почеток е важно при носењето на секоја таква одлука и се разбира дека и во иднина доколку се појави потреба и доколку се побара од нас да донираме нешто кое го поседуваме, а не е дел од формацијата, односно борбената готовност на Армијата, и во иднина ќе донесеме таква одлука, истакна Петровска.

Во однос на посетата на Украина, министерката Петровска посведочи за огромните уништувања на цивилната инфраструктура, за уништените училишта, градинки и домови, но и за желбата, енергијата и оптимизмот кај украинскиот народ и власти да не се предаваат.

–Две поделени чувства имав – прво огорченост и вознемиреност и тага од тоа што го видов таму. Не е сеедно кога ги гледате фотографиите, снимките, но кога ќе отидете на лице место кога ќе видите дека биле нападнати и целосно уништени градинки, училишта, домови и тн, инфраструктура, не зборувам за воена туку за цивилна. Но од друга страна се воодушевив од желбата, енергијата и оптимизмот на украинскиот народ и украинските власти дека не се предаваат. Треба да имаме едно предвид – Украина е нападната држава, Украина има право и обврска да ја одбрани сопствената територија. Уште колку ќе трае војната беше прашање кое беше поставувано од самиот почеток. Дали војната ќе заврши брзо е прашање кое треба да го одговори тој што нападна, зашто Украина не може прва да престане кога таа се брани, истакна Петровска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy