Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска на отворањето на Регионалниот центар за лекување на хематолошки болести: пријателството и сојузништвото со САД ги надминуваат сите граници
Македонија

Петровска на отворањето на Регионалниот центар за лекување на хематолошки болести: пријателството и сојузништвото со САД ги надминуваат сите граници

25/01/2024

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на Клиниката за хематологија во Скопје присуствуваше на отворањето на новиот Регионален центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки, здравствен капацитет поддржан со еден милион долари од Европската команда на Армијата на САД.

На отворањето, министерката Петровска истакна дека сојузништвото и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави ги надминува сите граници и покажува хумана димензија.

„Многу пати досега како министерка за одбрана заедно со нашите сојузници од САД сме зборувале на настани кои ја претставуваат нашата блиска соработка во безбедноста и одбраната. Навистина во таа соработка направивме многу и во заедничките обуки и тренинзи, и во модернизацијата на Армијата и во заедничкиот придонес кон колективната безбедност. Денешниот настан покажува дека сојузништвото и стратешкото партнерство кое го изградивме со Соединетите Американски Држави ги надминува сите граници и овој пат ја покажува својата хуманитарна димензија. Регионалниот центар за лекување на хематолошки болести што го промовираме денеска, кој ќе понуди лекување со најсовремените методи за нашите граѓани, доби поддршка од Европската команда на Армијата на САД, која со донацијата од еден милион долари и со средствата кои ги одвоивме од Буџетот на Северна Македонија, овозможи да се реализира еден капитален проект во здравството“, рече Петровска. Додаде дека центарот ќе биде од огромна полза за граѓаните и ќе значи подобра грижа за секој пациент.

Министерката им се заблагодари на директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска – Ставридис, на персоналот на Клиниката за хематологија и на сите здравствени работници за нивната помош на секој пациент, како и на заменикот-амбасадор Ерик Мејер за долгогодишната поддршка од САД во развојот на Северна Македонија, истакнувајќи дека ова не е прв проект во здравството кој се реализира заедно со САД.

„Досега реализирани се десетина проекти меѓу кои реновирањето на болницата 8. Септември, на психијатриската болница во Демир Капија, Клиниката за детска хирургија во Скопје и други. Затоа, секогаш кога зборувам за македонско-американската соработка велам дека таа не е само сојузништво, таа не е само стратешко партнерство – таа е пријателство!“, заклучи министерката.

Заменикот – амбасадор Мејер порача дека во последните неколку години здравствениот сектор преку Канцеларијата за одбранбена соработка бил поддржан со шест милиони долари и дека оваа поддршка е одраз на посветеноста на САД на граѓаните на Северна Македонија. Горди сме што сме ваши партнери и сојузници, зашто ние сме посилни и подобри заедно, рече заменик-амбасадорот на САД, Мајер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy