
Петровска му даде 48 часа на Ковачки да се извини, ако не пак ќе се сретнат во судница
Министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, со ултиматум до пратеникот Драган Ковачки, барајќи јавно извинување за неговите тврдења за наводен секс скандал и обвинувања за прикривање од страна на министерката.
Таа му даде рок од 48 часа да се извини, во спротивно ќе му биде поднесена тужба за клевета.
Паралелно со оваа најавена тужба, Петровска и Ковачки се веќе вклучени во судски процес врз основа на претходни тврдења на Ковачки.
Тој тврдеше дека Петровска поседувала голема куќа со базен на место кое таа подоцна го продала како нива, пред таа да стане јавен функционер. Поради овие тврдења, Петровска го тужеше Ковачки
