
Петровска: Македонија до 2025 ќе добие систем за противвоздушна одбрана – тајна е каде ќе биде поставен!
„Ја имав таа чест, минатата година да биде финализиран договорот за набавка на противвоздушна одбрана“.
Ова во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го истакна министерката за обрана Славјанка Петровска.
Таа додава дека ова е договор меѓу Владите на Македонија и Франција и истиот е во фаза на производство за нашите потреби.
Сепак, министерката не открива каде истиот ќе биде поставен.
„Инсталацијата или поставувањето на таквиот вид на опрема се разбира дека е од стратешки интерес и безбедносно е кластифицирана. Испораката на таа опрема се очекува по 2025 година“, додава Петровска.