Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Гоце Делчев е великан чиј роденден треба да се чествува со соодветно однесување
Македонија

Петровска: Гоце Делчев е великан чиј роденден треба да се чествува со соодветно однесување

31/01/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното интервју за Аргумент плус на Телевизија 24, истакна дека Гоце Делчев е великан чиј роденден треба да се чествува со соодветно однесување, а дека зад најавените патриотски стражи на гробот на Гоце Делчев гледа мотив за придобивање на политички поени на картата на национализмот.

-Нема услови и нема потреба за создавање на никакви паралелни структури, заради тоа што институциите на државата функционираат, особено институциите коишто се задолжени за безбедноста и стабилноста на оваа држава. Нема потреба. Она што јас го гледам, она што е мотив веројатно кај нив, е само политички поени, и на картата на национализмот по којзнае кој пат, да се обидат да му се допаднат на народот. Знаете како, многу долго во Република Северна Македонија изборите се сметаа дека се можност за добивање или губење на прашања поврзани со националните прашања. Тоа се случува сега и во Бугарија. Тоа е една од причините зошто се разгоруваат страстите помеѓу двете држави.Не мислам дека на национални прашања треба да се добиваат или губат избори заради тоа што тие прашања треба да бидат затворени или решени на поинаков начин, а не на добиени или изгубени избори, рече Петровска.

На прашањето дали стравува дека патриотските стражи на ВМРО ДПМНЕ може да предизвикаат инцидент, Петровска коментираше дека е лоша одлука доколку се истите таму за да предизвикаат инциденти.

-Ако се таму да предизвикаат инцидент, тогаш тоа им е многу лоша одлука. А ако се таму да го чествуваат денот на нашиот великан, тогаш треба соодветно да се однесуваат и навистина да го чествуваат денот на раѓањето на Гоце Делчев, а да ги остават институциите да ја завршат својата работа, истакна Петровска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy