Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петрова: Споредбено со јануари и февруари минатата година имаме нешто подобра наплата кај сите даноци
Економија

Петрова: Споредбено со јануари и февруари минатата година имаме нешто подобра наплата кај сите даноци

28/02/2025

AA

Платите се исплаќаат вообичаено од почетокот на годинава, и во нивната исплатата нема отстапување кое е позначајно, истакна директорката на  Управата за јавни приходи (УЈП0 Елена Петрова на средбата со новинарите.

Таа укажа дека генерално тенденциите се навремени, нема отстапувања во навременоста на поднесувањето на пресметките за плата и навремената исплата на бруто платата, како и колкава е тенденцијата на задоцнетата исплата на бруто плата. 

Воедно директорката на УЈП за медиумите посочи дека во првите два месеци од годинава има нешто подобра наплата кај сите даноци во споредба со истиот период од 2024 година, а особено кај данокот на личен доход за кој главна компонента е данокот на плати што се плаќа при исплата на плати.

– Идеален и теоретски случај е наплатата на приходите да биде рамномерна по 8,33 отсто на месечно ниво, но секој месец си има одредени сезонски карактеристики и тенденции во наплатата на приходите. Остануваат уште два работни дена за да ги сумираме резултатите и за месец февруари и да видиме какво ќе е остварувањето на динамиката што ја поставуваме согласно историските тенденции. 

Засега можам да кажам дека споредбено со јануари и февруари минатата година имаме нешто подобра наплата кај сите даноци и сите ставки кои претставуваат данок на личен доход. Имаме нешто помала наплата од 2024 година за две ставки – данокот на доход на добивки од игри на среќа и кај данокот на доход од исплата на дивиденди, што веројатно се должи на некакви тенденции на однесување на даночните обврзници – рече Петрова.

Нагласи дека не станува збор за значителни разлики при наплатата на тие две последни ставки и додаде дека треба да се почека, бидејќи има уште два дена до крајот на месецов за да се видат резултатите.

– УЈП сама го поставува месечниот план за наплата на приходите, а Министерството за финансии ни дава годишен план. Во УЈП правиме план колкава треба да биде месечната динамика и месечната наплата секој месец споредбено со историски податоци како се движела во претходните години. Треба да ги почекаме и последните два дена од февруари и следната недела ќе имаме точна претстава како се движи наплатата, бидејќи неделава беше и собирањето на ДДВ, односно денот за плаќање на ДДВ беше во вторникот, а податоците ги добивме  во средата. Има и некои задоцнети плаќања поради што треба да се почекаат и овие два дена. Затоа следната недела ќе ја имаме точната претстава дали сме во рамките на динамиката што е во историските тенденции во претходните години и дали и сега ја исполнуваме – прецизира Петрова. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy