Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петрески: ДДВ-то треба да биде 5 отсто за сите производи кои се конзумираат на дневна основа
Економија

Петрески: ДДВ-то треба да биде 5 отсто за сите производи кои се конзумираат на дневна основа

06/10/2023

AA

Пакетот мерки за справување со енергетската криза тежи 760 милиони евра од кои 90 проценти се однесуваат на справување со енергетската криза, а само седум проценти одат во делот на справување со храна, покажуваат резултатите од мапирањето на мерките што го спроведе Фајнанс тинк.

– Од вкупниот износ 12,6 проценти е наменет за поддршка на ранливите домаќинства кои во еден дел се и таргетирани мерки за најранливите. Најзначајна мерка беше мерката за субвенционирање на електричната и топлинската енергија. Резултатите покажаа дека куповната моќ не граѓаните беше заштитена и доколку не беа овие мерки нивната куповна моќ ќе беше драстично позагрозена – изјави Благица Петрески од Фајнанс тинк пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“.

Таа нагласи дека мерките можеа да бидат подобро дизајнирани во поглед на нивната линеарност.

– Мерките во голема мера беа линеарни и заштитуваа и домаќинства кои можеа да ја издржат кризата. Во иднина очекувам мерките да бидат повеќе во насока на таргетираност и тоа да се направи во еден дел и со ДДВ-то кое беше намалено од 18 на 5 отсто, но повторно се врати – појасни Петрески.

Во делот на храната, како што кажа, компаниите беа значајно погодени од порастот на увозните суровини за 20 до 50 отсто ако се има предвид дека преку 50 отсто од суровините се увезуваат.

– Тоа упатува дека во иднина мерките треба да бидат насочени кон подолгорочна и поголема одржливост на нашата економија преку таргетирање и инвестирање во домашно производство на храна и суровини. Пропратно со тоа треба да биде продолжена иницијативата за домашно производство на електрична енергија и паралелно со тоа инвестиции во системот за апсорпција на домашното производство на електрична енергија – истакна Петрески и додаде дека со мерките беше поттикнато домашното производство на електрична енергија.

За зголемувањето на стапката на ДДВ за прехранбените производи од 5 на 10 отсто рече дека се уште не ја погледнала листата на производи за кои важи тоа и додаде дека покачувањето ќе има свое влијание и врз цените доколку на листата има производи за широка потрошувачка и производи кои масовно се конзумираат на дневна основа од граѓаните.

– Затоа треба да се ревидираат стапките и исклучиво да биде ДДВ-то 10 проценти само за оние луксузни прехранбени производи кои или се купуваат од мал број граѓани или се конзумираат ретко. Во спротивно одлуката за зголемување на ДДВ-то ќе се коси со намерата за замрзнување на цените и справување со домашните извори на пораст на цените – потенцира Петрески и додаде дека ДДВ-то треба да биде 5 отсто за сите производи кои се за широка потрошувачка и се конзумираат на дневна основа. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy