
Петмина скијачи на крос-кантри пронајдени мртви во Швајцарија
Петмина од шесте скијачи кои исчезнаа на швајцарските Алпи за време на викендот се пронајдени мртви, соопшти полицијата во кантонот Вале.
Се уште се трага по последното лице од групата.
Лошите временски услови ја отежнаа потрагата, но тим спасувачи конечно беше испратен во областа, каде што ги „најде телата на пет од шесте лица пријавени за исчезнати“, се вели во полициското соопштение.
