
ПЕТМИНА КАНДИДАТИ ЗА ШЕФ НА СКОПСКОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Советот на јавни обвинители денеска ќе избира

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски. Тој е поранешен член на СЈО кое се распушти поради корумпираност, а во ЈО има предмет и за бонусите делени во СЈО во милионски износи, поради што во судир со екс јавниот обвинител Љупчо Коцевски, дојдоа вишите обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.
Освен Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
.
