
Петмина кандидати во трка за нов државен обвинител!
Идната недела Собраниската комисија за избори и именувања се очекува да ја утврди листата на кандидати за нов државен обвинител. Досега се пријавени петмина кандидати, а меѓу нив се актуелни обвинителки, судија и еден поранешен осуден судија.
Кои се кандидатите?
По комплетирањето на листата, Собранието ќе ги испрати документите до Владата, која пак ќе побара мислење од Советот на јавни обвинители пред да го достави конечниот предлог до пратениците.

