Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петличковски: Препорачана епидемија на голема кашлица за Скопје, забрана за прием на деца невакцинирани со пертусис во градинки
Македонија

Петличковски: Препорачана епидемија на голема кашлица за Скопје, забрана за прием на деца невакцинирани со пертусис во градинки

07/02/2024

AA

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски денеска информираше дека препорачале да се прогласи епидемија на голема кашлица за град Скопје поради зголемениот број на случаи.

„Разгледувајќи ги бројките, во моментот се 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде се потврдени 14 случаи одлучивме да препорачаме прогласување епидемија за град Скопје. Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста голема кашлица. Во таа насока моментално го подготвуваме Упатството за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на испуштените вакцини“, рече Петличковски.

Тој истакна дека опфатот со вакцинација против пертусис не е на задоволително ниво, што значи дека тука треба е фокусот и да се поправи тоа што е испуштено во изминатиот период.

„Затоа ќе ги повикуваме сите кои пропуштиле вакцинација предвидена со редовниот календар, ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени, и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација. Исто така, препорачуваме забрана за прием на деца невакцинирани со пертусис во градинки и очекуваме овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација бидејќи фокусот е на заштита на најмалите. Оваа болест е најтешка за најмалите. Вакцинацијата според редовниот календар почнува во втори месец и ние ги повикуваме сите родители да се придржуваат на овој дефиниран распоред, бидејќи дури и една доза значително ги заштитува вакцинираните од сериозен тек на болеста“, изјави Петличковски.

Препораки од Комисијата за заразни болести:

1) Се препорачува ЦЈЗ Скопје да прогласи епидемија на голема кашлица на територија на Скопје.

2) Институтот за јавно здравје да изработи стручно упатсво за постапување во услови на епидемија на голема кашлица.

3) Се повикуваат родителите на невакцинираните децата со ДиТеПер вакцина, кои од било која причина ја пропуштиле редовната вакцинација, ВЕДНАШ да се јават во вакциналниот пункт во кој припаѓаат и да ги надополнат пропуштените дози согласно Календарот за имунизација.

4) Службите за вакцинација/вакциналните пунктови ќе работат со засилен интензитет во две смени и сабота во една смена, со цел овозможување побрза вакцинација на пропуштените деца како противепидемиска мерка.

5) Се забранува прием и престој во детска градинка на невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца, согласно возраста во Календарот за имунизација.

6) Дијагностицираните лица со голема кашлица, да се изолираат во домашни услови најмалку 5 дена од започнување на препорачаната антибиотска терапија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy