Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕТКРАТЕН ПОРАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СТРУЈА – Како македонските компаниите се справија со проблемите од кризата?
Економија

ПЕТКРАТЕН ПОРАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СТРУЈА – Како македонските компаниите се справија со проблемите од кризата?

28/06/2023

AA

Какво е влијанието на случувањата во Украина врз македонските компании, какви штети претпреа, кои сектори осетија најголем удар од конфликтот? Ова се дел од аспектите кои се истражуваа во анализата насловена „Влијанието на кризата од конфликтот во Украина врз фирмите во Македонија“, зад која стои професорот Марјан Петрески од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Инститот за истражување и политики „Фајненс тинк“. 

– Македонија има слаби економски врски и со Русија и со Украина, кои не учествуваат со повеќе од 2,5 отсто во надворешната трговија на Македонија. Но, една петтина од вештачките ѓубрива се увезени од Русија во 2021 година, што заедно со гасот и металите сочинуваат најголем дел од увозот. Финансискиот систем нема руска или украинска банка или друга финансиска институција. Со ова економијата беше заштитена од директно влијание на кризата, но македонските фирми беа индиректно погодени на неколку начини – се укажува во анализата. 

Аналитичарите потенцираат дека поради трговска отвореност, зголемените цени на клучните прехранбени производи и енергетските производи беа директно пренесени во економијата во првата половина од годината. Поради ова, до крајот на 2022 година, инфлацијата достигна 19,5 отсто, раст кој бил карактеристичен за периодот по осамостојувањето. 

Анализата утврдила дека големите фирми во Македонија се поизложени на шок од цената на електрична енергија. 

– Големите фирми во земјава купуваат електрична енергија на отворен пазар, обично на унгарски пазар на електрична енергија HUPX. Домаќинствата и мали деловни потрошувачи (под 50 вработени и годишен обрт под 10 милилони евра) се заштитени од нестабилноста на цената на електричната енергија преку работењето на регулираните пазар. Енергетската зависност е висока во Македонија, што се одразува на работата и конкурентноста на фирмите. Над две третини од потрошувачката на енергија во 2021 година е обезбедена од увоз – се нагласува во анализата. 

Од „Фајненс тинк“ посочуваат дека големите фирми, кои купуваат енергија на отворен пазар, забележаа пораст на трошоците за енергија кој надминува двојно, a неретко и петкратно, особено во индустријата и градежништвото. 

– Високоплатените услужни дејности забележаа поподносливи зголемувања на трошоците за енергија. Пренесувањето на шокот од цената на енергијата врз цените на сопствените производи и консолидацијата на трошоците се клучни стратегии за справување со кризата кај сите фирми – дополнуваат од институтот. 

Сепак, истакнуваат дека компаниите, особено средните и големите фирми се впуштија во инвестиции во капацитети за сопствено производство на електрична енергија, па дури и ги реорганизирале процесите за намалување на потрошувачката на енергија. Но, од друга страна малите фирми немаат стратегија за справување со трошоците за енергија, што може да биде одраз на нивното работење на регулиран пазар на електрична енергија и оттаму заштитата од Владата. 

Според аналитичарите, резултатите сугерираат дека учеството на трошоците за суровини се поголеми во структурата на трошоците за поголемите индустриски извозници. 

– Фирмите од сите големини одлучија да го пренесат ценовниот притисок врз нивните финални производи, а големите фирми почесто преземаат стратегија за намалување на трошоците отколку помалите фирми. Фирми на сите големини одложија некои планирани инвестиции за да се справат со напливот на цените на суровините, додека уделот на оние кои го прекинаа производството, и покрај малиот, главно е концентриран меѓу земјоделските фирми – се нагласува во анализата. 

Дополнително анализата покажала раст и на трошоците за работна сила за македонските фирми главно како резултат на пазарниот притисок генериран поради недостигот на работна сила и вештини од притисокот што го вршат зголемувањата на минималната плата. 

Сепак, процениле дека побарувачката за производите и услугите на македонските компании главно остана непроменета во текот на 2022 година. Иако има отстапки за некои сегменти. Така на пример за големите фирми во индустријата и градежништвото, побарувачката се зголеми, додека за други, како помалите локални фирми во земјоделството, побарувачката е намалена. 

– Сепак претходно постоечки структурен проблем, главно неповрзан на кризата предизвикана од конфликтот во Украина, е клучниот предизвик за фирмите, кои се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила. Трудот и недостигот на вештини е поизразен кај малите и средни фирми. Само за големите фирми цената на струјата утврдениот пазар се јасно највпечатливиот проблем – се потенцира во анлизата. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy