Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 † ПЕТАР: Како што мајката умира, неумирајќи, кога ги посетува гробовите на своите деца, така и Христос умре неумирајќи – преминувајќи, воскреснувајќи, за да ги посети Своите умрени деца
Македонија

† ПЕТАР: Како што мајката умира, неумирајќи, кога ги посетува гробовите на своите деца, така и Христос умре неумирајќи – преминувајќи, воскреснувајќи, за да ги посети Своите умрени деца

20/04/2025

AA

Во својата велигденска порака, митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, † Петар, изрази длабока тага и сочувство поради трагедијата што ја потресе Македонија – пожарот во Кочани во кој животот го загубија над 60 лица, главно млади луѓе.

„Во овој серадосен ден, кога ни е даден Живот Вечен, не можеме а да не чувствуваме и извесна тага и болка заради тагата што ја надви Македонија“, рече митрополитот Петар, упатувајќи силна порака до сите родители кои ги загубија своите деца во трагедијата.

Тој ја спореди болката на мајката која го губи своето дете со тагата на распнатиот Христос, нагласувајќи дека иако децата телесно не се меѓу нас, „тие не се мртви, туку преминати – живи во Живиот Господ“.

„Грижата за мртвите единствено е Божја грижа. Господ постојано се грижи само да ги воскресне луѓето“, напиша митрополитот во својата порака, додавајќи дека љубовта на мајката ги чува спомените на своите чеда, исто како што љубовта Христова го воскреснува човештвото.

На крајот од пораката, митрополит Петар се помоли „Христос Воскреснатиот да ги посети и настраданите во пожарот – да им ги исцели раните, телесните и духовните, та заедно со сите да воскликнат: Христос Воскресна!“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

13/12/2025
Македонија

ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15

13/12/2025
Македонија

Шест ученици истепале двајца соученици во основното училиште ОУ „Дитурија“

13/12/2025
Македонија

Утре во функција ќе биде шестоседната жичара на Попова Шапка!

13/12/2025
Македонија

СКАНДАЛ ВО ШТИП И ВО КОЧАНИ Адвокатка и четворица полицајци

13/12/2025
Македонија

„Зимзоленд“ си работи без проблем, но и без одобрение –

13/12/2025
Македонија

ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ВО ДЕТСКАТА ХИРУРГИЈА Комплексна операција за првпат изведена

13/12/2025
Македонија

Марш на ангелите во Кочани: Родителите на жртвите од „Пулс“

13/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38896
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

13/12/2025

Тешка несреќа се случила вечерва на патот Гостивар – Тетово. Засега нема информации за повредените лица. Сообраќајот се одвива отежнато.

ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15 степени

13/12/2025

Метеоролозите за утре нѐ информираат дека ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има

Шест ученици истепале двајца соученици во основното училиште ОУ „Дитурија“ во Сарај, се снимале па

13/12/2025

МВР со брза реакција, кривична пријава за насилство по инцидент пред ОУ „Дитурија“ Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy