
Петар Грашо ќе стане татко по вторпат
Хана Хуљиќ Грашо (33) и поп-ѕвездата Петар Грашо (48) го очекуваат своето второ дете.
Гордиот татко ја потврди среќната вест од Скопје за хрватскиот „ИН магазин“.
Петар и Хана пред една година и девет месеци станаа родители за првпат на девојче.
Хана последен пат се појави во јавноста пред десетина дена во Сплит на изложба и раскажа колку радост им донела ќерката Алба која во јули ќе наполни две години.
